-->
-->
СДСМ: Коридорите 8 и 10Д се национален интерес, со законите заштедуваме 150 милиони евра
-->
Предлог измените и дополнувањата законите што влегоа во собраниска процедура имаат за цел унапредување на ефикасноста во изградбата на патната, железничката и енергетската инфраструктура во државата.
Коридорите 8 и 10 Д се од национален интерес со што нашата држава конечно ќе стане вистинска балканска крстосница.
Со измените на предвидените закони, се обезбедува побрза, поевтина и квалитетна изградба не само на коридорите, туку и за сите идни национални и стратешки инфраструктурни проекти, меѓу кои спаѓаат и проекти финансирани од ЕУ, од меѓународни финансиски институции.
Сите предложени законски измени се во согласност со Уставот и со нивното донесување ќе се заштедат 150 милиони евра и две години изградба за коридорите 8 и 10Д.
Оттаму, важно е сите пратеници да ги поддржат измените и дополнувањата, тие да бидат донесени побрзо за делниците да бидат изградени побрзо и поевтино.
Центар за комуникации со јавноста
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип