СДСМ: Мерките од Оперативниот план создаваат шанси за вработување на младите
Мерките од Оперативниот план создаваат шанси за вработување на младите, и преку вложување во развој на дигиталните вештини
Мерките од Оперативниот план за вработување 2019 година обезбедува фер шанси за вработување на младите, преку најразлични обуки и прекфалификации.
Преку една од мерките обезбедени се над 43 милиони денари за развој на дигитални вештини и нови работни места во оваа сфера за младите.
Со оваа мерка се опфатени 1.323 невработени млади лица до 34 години кои можат да се вработат преку обуки и прекфалификации.
Важно е тоа што новите работни места како ипотребите од преквалификација и стекнување на дигитални вештини се подговени заедно со работодавците.
Дополнително, доколку некое невработено лице не успее да се вработи со оваа мерка, останува можност за искористување на други програми и мерки од Оперативниот план за 2019 година.
Оперативниот план за вработување за 2018 година имаше реализација од високи 95% и даде одлични резултати. Оправдани се очекувањата дека Оперативниот планот за 2019 година ќе даде уште подобар резултат, пред се за младите луѓе, стои во соопштението испратено од СДСМ.
Ново на Сител
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место