СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се соочија со дебалк на изборите

ВМРО-ДПМНЕ не можат да се свестат од шамарот што го добија од граѓаните на вонредните локални избори и се обидуваат поразот да го претстават како победа.
Резултатот од изборите е јасен. Двојна победа на СДСМ и коалицијата на изборите за градоначалник во двете општини Центар Жупа и Маврово Ростуше, како и драматичен пад, за над 50 отсто на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.
За да биде дебаклот на ВМРО-ДПМНЕ уште поголем, поразен беше нивниот кандидат за градоначалник на Маврово Ростуше, кој воедно е член на Извршниот комитет на партијата.
Мицкоски никаде го нема, по фијаското на првото избо рно соочување со СДСМ, откако на чело на партијата е Димитар Ковачевски.
Двојната победа на СДСМ и коалицијата предводена од Ковачевски покажа дека ВМРО-ДПМНЕ немаат поддршка од граѓаните, но тие изгледа си живеат во илузијата на нивните нарачани анкети и не знаат како да се соочат со реалноста и со фактите.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
