СДСМ: Мицкоски не може да се соземе од изборниот пораз
Македонската јавност беше сведок на едно од најслабите интервјуа на Мицкоски кое на виделина ја покажува очајната состојба во која се наоѓа.
Мицкоски потврди неколку работи кои граѓаните многу добро ги знаат.
Прво, очигледно е дека Христијан Мицкоски се уште не може да се соземе од изборниот пораз што му се случи на вонредните локални избори и шамарот што го доби од граѓаните. Затоа не кажа ниту збор за локалните избори на кои загуби во две општини каде што имаше градоначалници а неговата ВМРО-ДПМНЕ имаше драстичен пад на гласовите.
Второ, се покажа дека Мицкоски нема никакво познавање од енергетика. Ниту пак следи што се случува во светот и какви последици предизвикува најголемата светска и економска криза по Втората светка војна, во светот, а не само кај нас. Освен што ги прочита цените на струјата на светските берзи од едно ливче, Мицкоски немаше ниту еден предлог, ништо во интерес на граѓаните не кажа. Заборави Мицкоски да каже дека во времето кога тој беше советник за енергетика и директор на ЕСМ, цената на струјата за домаќинствата имаше раст од 100% , а немаше глобална енергетска криза.
Трето, Мицкоски нема ниту план, ниту концепт, ниту знае каде тера. Откако му пропаднаа сите лаги и се потврди дека нема ниту бугаризација ниту асимилација, Мицкоски со месеци зборува за референдум само за да си ја сочува партиската фотелја во ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа, изминаа месеци, цело лето помина а Мицкоски се уште не го знае ниту прашањето, ниту формата, нема план за на референдумот којшто е само за внатрешна употреба во неговата ВМРО-ДПМНЕ.
Човекот што најавуваше протестно лето а си замина на одмор се правда дека партијата треба да си го провери потенцијалот меѓу граѓаните. Епа ете граѓаните на локалните избори му го покажаа капацитетот, Мицкоски и неговиот партнер Апасиев, доживеаја дебакл.
Тоа што Мицкоски сам си поставуваше прашања и сам си одговараше, нема да го коментирме, нека ценат граѓаните колкав проблем има со реалноста, со капацитетот и со вистината.
Реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Мицкоски: Владата ќе интервенира со дополнителни мерки, една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата
-

Општина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невреме
-

АХВ: Угостителските објекти во Гостивар ја почитуваат забраната за користење на водата
-

Син го претепал таткото и му се заканувал дека ќе го убие
-

Владата ќе ги обесштети штетите од невремето, граѓаните да поднесат пријави
-

Татко без согласност ја одвел 10-месечната ќерка во Швајцарија
-

Ја претепал сопругата, па и се заканил со палење на куќата - ОЈО бара притвор
-

Мицкоски: До крајот на неделава технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната
