СДСМ: Мицкоски призна дека правеше сѐ да ги блокира економските мерки
Христијан Мицкоски вечерва призна што му бил проблемот - составот на Парламентот!
Со тоа тој призна дека правеше сѐ да ги блокира економските мерки. Мицкоски помири се, ти не си ниту пратеник, а твојата партија е малцинство во Парламентот.
Губитникот Мицкоски е изгубен во лагата. Вчера неговите пратеници во Собранието не ја гласаа Националната стратегија за спречување на корупцијата а вечерва отишол на телевизиско гостување да глуми загриженост за корупцијата во земјава. Оди и лаже, тоа е Мицкоски.
Лаже Мицкоски и дека ВМРО-ДПМНЕ помагала за време на пандемијата. И тој и ВМРО-ДПМНЕ за време на целата пандемија сѐ што правеше беше кршење на мерките, поткопување на здравствениот систем и груба и безобразна злоуптреба на починатите и заболените од КОВИД 19.
Тој вечерва сам изусти дека политичарите треба да се слуги на народот. Така е Мицкоски, единствената вистина која ја изговори можеби ќе те освести. Но, човек кој себеси се нарекува бранител на криминалот, не може да биде слуга на народот.
Затоа Мицкоски никогаш нема да биде добар политичар, затоа граѓаните постојано го казнуваат.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Во Германија една четвртина од вработените сè уште работат од дома
-
Тошковски: Справувањето со илегалната миграција и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети
-
Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни зголемување на цената на електричната енергија нема да има
-
Повредени тројца од екипата на Итна помош откако беа заглавени во лифт во Кисела Вода што паднал во подрум
-
За пет месеци фреквенцијата на патници на ГП „Блато" зголемена за 14 отсто
-
Николоски бара Обвинителството да го испита работењето на ЈП за државни патишта и ЖРСМ Инфраструктура
-
Приведен скопјанец кој уценувал девојка
-
До март најверојатно ќе се реализираат две линеарни зголемувања на пензиите, најави Мицкоски