СДСМ: На дело ја спроведуваме енергетската транзиција

Владата предводена од СДСМ на дело ја спроведува енергетската транзиција, се зголемува производството на електрична енергија од еколошки и обновливи извори, а успешно се менаџира и енергетската криза.
Сите домашни производствени капацитети на електрична енергија се целосно ангажирани за нашата држава да не зависи од увозот на скапа струја.
АД ЕСМ постави фотонапонската електрана во РЕК Осломеј со моќност од 10 мегавати. На местото на некогашниот загадувач РЕК Осломеј преку неколку други инвестиции ќе се постават фотонапонски електрани со вкупна моќност од 120 мегавати.
Потпишани се и договори за реализација на стратешки инвестиции во енергетиката, како што е најголемата гринфилд инвестиција на германската компанија ВПД, но и соларниот парк Стипион во Штип.
Со одлуката за инвестирање во проектот во гасната централа Александропули, обезбедуваме трајно, стабилно и непречено снабдување со природен гас.
Освен реализација на капитални инвестиции, Владата предводена од СДСМ успешно ја менаџира и енергетската криза која ја зафати цела Европа.
Преку субвценионирање на цената на електричната енергија и со намалувањето на ДДВ за електрична енергија просечно домаќинство сега заштедува близу 2.200 денари месечно за струја.
Не дозволивме енормен раст на цените на горивата, со намалувањето на акцизите и ДДВ-то денес имаме најниска цена на нафтени деривати во регионот и Европа.
СДСМ продолжува да се грижи за граѓаните и економијата, продолжува да инвестира во обновливи извори не енергија кои ќе придонесат за целосна енергетска независност.
СДСМ
Ново на Сител
-

Меси: Шпанија беше подобра
-

Кривична за вработен на Меѓународниот универзитет во Тетово, присвоил 3.362.272 денари од студенти
-

Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели пакувана вода за пиење
-

Орце Ѓорѓиевски: Кој работи и греши
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје од денес до 23 јули
-

Две жени и еден маж загинаа во превртен „мерцедес“ кај Блаце, од скопскиот аеродром патувале кон Косово
-

Родри прогласен за најдобар играч на Светското првенство 2026
-

Нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на Светското фудбалско првенство
