СДСМ: Најголема странска инвестиција од независноста, 205 милиони евра и 4.000 нови работни места
Економските политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски даваат реални и видливи резултати.
Денес, и во време на светска економска криза, македонската економија е стабилна, развојна и конкурентна.
Потврда за тоа е последната инвестиција во државава - инвестицијата на тајванската компанија Јагео која ќе инвестира 205 милиони евра во нови фабрики и ќе вработи 4.000 лица во ТИР зоните во Скопје и Штип.
Со ова, инвестицијата на Јагео станува најголемата странска директна инвестиција во независноста на државата.
Ова е уште една потврда за успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ, потврда дека македонската економија е препознаена како атрактивна за реномираните и високотехнолошки компании во светот.
СДСМ продолжува да реализира мерки и политики што обезбедуваат економски раст и подобар животен стандард за сите граѓани.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Мицкоски од Вашингтон: Нова инвестиција во Скопје ќе отвори 100 работни места
-
Јавните компании пред колапс
-
Во недела Галичка свадба
-
Преглед на вестите од светот
-
Над 40 основни училишта се затвориле во изминатите пет години
-
Тема да денот со Иво Ранѓеловиќ, политиколог
-
Нови признанија на вина во случајот „Синџир“
-
Како оперираат крадците низ археолошките локалитети во државата?