СДСМ: Не му успеа ниту една блокада, толку може Мицкоски!
ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски во изминатите три години тера политика и стратегија на кочење и блокирање на се, што е во интерес на граѓаните.
Меѓутоа на Мицкоски ни му успеа ни една блокада, ни една опструкција, ниту во Собранието ниту надвор од него.
Единствена успешна блокада на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се блокираните сметки на партијата во белиот дворец.
Опозицијата во парламентот се обиде да го блокира донесувањето на Буџетот за 2021 година, со што ја загрози исплата на субвенции за земјоделците, на детски и образовен додаток, зголемувањето на платите на лекарите, месечниот надоместок за стечајните работници, но не успеа.
И наместо да ја научи лекцијата, продолжува со блокада на низа закони кои се од особена важноста за граѓаните како Законот за административни работници, Законот за работни односи, Законот за внатрешни работи, Законот за здравствена заштита, кој предвидува лекарите, кои исполнуваат критериуми за пензија за време на оваа светска пандемија да продолжат да работат до 67 години, но нема да успеат.
Грчевито се бореа за заштита на криминалот, со опструкции за донесување на законот за јавно обвинителство, но не успеаја да го спречат процесот на прочистување на правосудството и реформата на судството.
Со поднесување на илјадници бесмислени амандмани на измените на собранискиот Деловник, опозицијата се обидува да ја закочи работата на парламентот во време на пандемија.
Како што се обидуваат да го блокираат Собранието, ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат улиците со јавни собири на кои масовно се прекршуваат мерките за заштита од коронавирусот. Но масовната непосетеност на нивните таканаречени протести, покажува дека блокадите не им се успешни.
Но, најсрамни и најбезобѕирни се обидите за блокирање и поткопување на здравствениот систем во време на пандемијата со смртоносниот коронавирус.
ВМРО-ДПМНЕ на штета на граѓаните, го кочеше донесувањето на Законот за заштита на населението од заразни болести, бараше формирање на паралелна Комисија за заразни болести, го блокираше заемот за опремување на здравствените установи и поставување модуларни болници.
Не успеаја и сега се поставуваат модуларни болници во Велес, Тетово, Гевгелија, Струмица, Куманово, Струга, Битола, Штип, Гостивар, Кичево, Прилеп Кавадарци, Кочани, Дебар, Ресен Охрид.
Освен блокади друго не знаат. Толку можат, толку знаат Мицкоски и ова ВМРО-ДПМНЕ.
Но колку и да се обидуваат, нема да успеат да ги закочат реформите што се во интерес на граѓаните. Нивните блокади, нивните деструкции повторно ќе бидат поразени, како што и беа поразени на избори и тоа шест пати за четири години.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Пакистанец ја убил својата ќерка тинејџерка поради видео на ТикТок
-
Таравари најави и други акции за откривање злоупотреби од здравствени работници, повика да бидат коректни
-
Ле Пен: Франција треба да го следи примерот на Трамп за депортациите
-
Студентите од Белград тргнаа на протестен марш кон Нови Сад
-
Тетово: Полицајци пукале во воздух откако 32-годишник удрил во полицаец па се дал во бегство
-
„Хеленик трејн“: Ламарини, прехранбени продукти, пива и железни жици превезуваше товарниот воз што се судри со патничкиот кај Темпи
-
Утре и во сабота топло, во недела дожд
-
51-годишник починал при извршување на работни задачи на патот Кичево-Охрид