СДСМ: Не се разговара за реконструкција на Владата, единствено ќе се пополни позицијата на Горан Милевски
СДСМ ги демантира написите во одредени медиуми за наводна реконструкција на Владата.
Ниту партиското раководство, ниту највисоките партиски органи, досега воопшто не разговарале за реконструкција на Владата.
Единствена промена што ќе следи во составот на Владата е нов министер за локална самоуправа кој треба да дојде на местото на Горан Милевски кој се повлече од функцијата.
Наводите дека ќе се менуваат министри од редовите на СДСМ се свесни манипулации кои доаѓаат од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во обид да ја дефокусира јавноста од своите внатрепартиски проблеми, како и мега скандалот со тендерот од 136 милиони евра во Град Скопје.
Владата предводена од СДСМ останува фокусирана на менаџирање со економската и енергетската криза, како и креирање нов пакет мерки за помош на граѓаните и стопанството.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-

Владината реконструкција до крајот на јуни
-

СДСМ бара избори во Карпош
-

Трет обид за избор, Ислами и Џафери предложени за местото во Судски совет
-

Законот за заштита од употреба на тутун и сродни производи помина на Влада – Наскоро стапува на сила
-

ЦЈЗ Скопје не најде доказ за труење со храна на ученици од кујната во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”
-

Општествено одговорни компании во Штип организираа крводарителска акција
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
