Македонија
17. September 2020 - 11:22

СДСМ: Нема да коментираме ставови од земја каде има политичка дестабилизација

По информациите дека Бугарија испратила меморандум со услови кои Македонија треба да ги исполни за членство во Унијата, од владејачката СДСМ се убедени дека по пат на дијалог може се да се реши.

Она што е најважно е дека јазикот кој го говорат е признаен од сите држави, велат од СДСМ.

На прашањето дали се изненадени од ваквиот потег на официјална Софија од СДСМ велат не сакаат да коментираат ставови од земји кои се соочуваат со политичка дестабилизација.

Мирјана Давидовска