СДСМ: Нема потреба од нервоза во ВМРО-ДПМНЕ
Нема никаква потреба ВМРО-ДПМНЕ да манифестира толку голема нервоза затоа што променија став и прифатија уставни измени, како и учество во широка Влада за европска интеграција.
Разбираме дека промената на ставот можеби дојде наеднаш, дека паднаа во вода сите изјави за францускиот предлог и за договорот.
Разбираме и тоа дека со една изјава се избришаа нотарските изјави и потписите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ против уставните измени.
Но, не е прв пат опозицијата да промени став. Овој пат тоа е добро затоа што може да доведе до заеднички придонес за продолжување на европскиот пат на земјата, секако доколку останат на она што јавно го кажа Христијан Мицкоски.
Затоа не треба нервоза. Има време за политичко ривалство, сега е потребна одговорност пред иднината на земјата.
Промената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ и прифаќањето уставни измени е добра основа за продолжување на дијалогот.
Да седнеме заедно и да ја продолжиме дебатата, да ја реализираме европската агенда, во интерес на граѓаните и на државата.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце