СДСМ: Носењето на законот за ЈО е во интерес на граѓаните и на европската иднина на државата

Донесувањето на Законот за јавно обвинителство, пред се, е во интерес на граѓаните на државата, за владеење на правото, како и за европската иднина на земјата.
СДСМ останува транспарентна и одговорна партија во процесот на носење на Законот за јавно обвинителство и отворена за аргументирани предлози, кои ќе бидат вградени во законското решение, за може до крајот на работата на овој парламентарен состав да се усогласи и донесе Законот за јавно обвинителство.
Во интерес на граѓаните, иднината на државата и владеењето на правото е овој закон да се донесе.
Јасно е дека Законот за јавно обвинителство ја гарантира европската иднина на државата и секое попречување и спротивставување на законот е практично криење од правдата и оддалечување на македонските граѓани од европското семејство.
СДСМ настојува заедно со европската перспектива која им ја испорачува на граѓаните во овие две години, да ја испорача и ветената правда со казни за сите кои сториле криминал.
Токму законот за јавно обвинителство обезбедува независни обвинителски институции, гарантира објективни судски постапки и создава ефикасен казнив систем.
Законот ќе овозможи гонење на сите криминалци, продолжување на постапките за предметите на СЈО, независен избор на обвинители, односно се што значи правна држава и владеење на правото.
Ново на Сител
-

Цариници запленија 500.000 евра на Табановце
-

Измамникот од Охрид осуден на 5 и пол години затвор
-

Пазарна утврди дека храната не поскапела, синдикалната кошничка пониска за 54 денари
-

Власта ќе го одблокира заемот од 260 милиони евра што го блокираше СДСМ
-

Денот на пожарникарите скопската бригада го слави со сериозен недостиг на кадар
-

ВМРО-ДПМНЕ бара свикување на Комисијата за финансирање и буџет
-

Царината заплени 500.000 евра
-

Ден на пожарникарството во Македонија
