Македонија
17. September 2016 - 19:43

СДСМ обвинува за обид за спроведување корупциски тендери

СДСМ денеска во пишано соопштение обвинува дека на помалку од три месеци до изборите се прави обид да се спроведе еден од најскандалозните корупциски тендери. 

- Власта на Груевски во предизборие сака да дава концесија на 30 години, на фирма којашто наводно во иднина треба да изгради дистрибутивна мрежа за природен гас! Која е фирмата на којашто фамилијата пред заминување сака да и даде 30 годишен бизнис со гас?, стои во пишаното соопштение од СДСМ.

Денешната одлука за нов проект за изградба на гасоводна дистрибутивна мрежа, се вели во соопштението, дополнително упатува на отворање пат за огромна корупција, ако се земе предвид дека само пред неколку дена е поништена претходната одлука за гасификација скопскиот, западниот и источниот регион.

- Ги повикуваме јавните и државни службеници да не потпаднат под притисоците на власта за спроведување на очигледениот криминал што сакаат да го направат Груевски и соработниците на заминување, стои меѓу другото во соопштението од СДСМ.