СДСМ обвинува за обид за спроведување корупциски тендери
СДСМ денеска во пишано соопштение обвинува дека на помалку од три месеци до изборите се прави обид да се спроведе еден од најскандалозните корупциски тендери.
- Власта на Груевски во предизборие сака да дава концесија на 30 години, на фирма којашто наводно во иднина треба да изгради дистрибутивна мрежа за природен гас! Која е фирмата на којашто фамилијата пред заминување сака да и даде 30 годишен бизнис со гас?, стои во пишаното соопштение од СДСМ.
Денешната одлука за нов проект за изградба на гасоводна дистрибутивна мрежа, се вели во соопштението, дополнително упатува на отворање пат за огромна корупција, ако се земе предвид дека само пред неколку дена е поништена претходната одлука за гасификација скопскиот, западниот и источниот регион.
- Ги повикуваме јавните и државни службеници да не потпаднат под притисоците на власта за спроведување на очигледениот криминал што сакаат да го направат Груевски и соработниците на заминување, стои меѓу другото во соопштението од СДСМ.
Ново на Сител
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ
-
Владата најавува нова модерна опрема за Армијата
-
Зградата во Чаир се уште небезбедна – Обвинителството чека услови за да почне истрага
-
Одложени следните две рочишта за убиствата на Вања и Панче – обвинетиот Видевски се уште е на нефрологија
-
Кривична пријава за шест затворски полицајци од Идризово - помогнале во бегство на група осуденици
-
Еден осуденик државата ја чини 10 илјади евра годишно