Македонија
12. April 2023 - 11:25

СДСМ: Оддавањето почит на Левица на гробот на Енвер Хоча е потсетник дека се радикално вљубени во режим

Оддавањето почит на партиска делегација на Левица предводена од нивниот претседател, на гробот на Енвер Хоча е само потсетник за тоа колку оваа партија е радикално вљубена во режим.

Левица е иста како ВМРО-ДПМНЕ. Воспева тоталитаристички лидер кој својата земја со децении ја има затворено, уназадено и меѓународно изолирано.

Левица е радикална партија поддржувач на авторитарни режими и во тоа е иста како ВМРО-ДПМНЕ, партијата која и сама имаше инсталирано режим во нашата држава.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица се лицето и опачината на ретроградните елементи на политичката сцена во Македонија. Затоа  се единствените кои се против европската иднина на државата и затоа секојдневно се натпреваруваат во тоа кој ќе има порадикални и поекстремни ставови.

Поради таквиот меѓусебен однос, Христијан Мицкоски ја доведува ВМРО-ДПМНЕ во заложништво на Апасиев и Левица.

Центар за комуникации на СДСМ