СДСМ: Победата на Пендаровски ќе биде победа на концептот едно општество
Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски е потврда на концептот промовиран од СДСМ за изградба на едно општество за сите во напредна, евро-атлантска Република Северна Македонија, држава рамноправен партнер на демократскиот свет.
За првпат во историјата 30 партии од различни етнички заедници, од различни политички определби се обединија и застанаа зад еден кандидат кој обединува, кој е подготвен да ја води државата напред кон полноправно членство во НАТО и интеграција во ЕУ.
На претстојните избори, граѓаните ќе изберат вистински претседател на сите граѓани, претседател кој е противник на поделби и изолации, претседател кој ќе застане заедно со демократските и прогресивни сили и кој ќе ја промовира Северна Македонија како глобална и праведна земја.
Претседател кој ќе биде конструктивен и принципиелен партнер во започнатите реформски, интеграциски и економски процеси што се во интерес на граѓаните.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови