СДСМ поднесе кривични против здравствените власти - ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со години молчеле за неисправната вода
СДСМ бара кривична одговорност од врвот на здравствените власти за водата во Гостивар. Опозицијата обвинува дека одговорните лица во институциите не презеле дејствија и мерки за заштита на здравјето и спречување на последиците од загаувањето на водата. СДСМ поднесе кривпчни пријави против министерот за здравство, директорите на ИЈЗ, ДСЗИ и ЦЈЗ Тетово.
Од партијата обвинуваат дека 4 недели власта се поигрува со здравјето на луѓето и се заташкува случајот. Го повикаа јавното обвинителство да постапи, да ги преземе сите дејствија за утврдување на кривична одговорност
Од владејачката партија тврдат дека за небезбедната вода СДСМ знаеле со години и ги криеле извештаите наместо да преземат мерки за справување со проблемот. Бараат од јавното обвинителство да го истражи молкот на поранешните функционери од СДСМ кои дозволиле гостиварци да се трујат со години.
Во Гостивар вода за пиење нема веќе еден месец, од водоснадбителниот систем водата може да се користи само како техничка. Изминатите денови спласна целосно епидемијата која предизвика здравствени проблеми и инфекции кај населението во Гостивар. Случајот со загадувањето на водата го истражува Јавното обвнителство.
Осомничени дека сториле тешки дела против животната средина и природата се директорката на „Комуналец“ и двајца раководители. Поставиле пумпи во надворешен канал кои внесувале загадена вода во градската мрежа која предизвика епидемија во Гостивар со близу 5 илјади заболени.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
