-->
-->
СДСМ: Прeчистување на судството во првите 100 дена од мандатот
-->
Ред, правда и дисциплина, градење силна, независна правна држава и неселективно владеење на правото ве врвните приоритети на Владата предводена од СДСМ во новиот мандат.
Уште во првите 100 дена од мандатот ќе биде подготвен модел за прочистување на судството, кое меѓу другото подразбира и проверка на имотната состојба на судиите и обвинителите од страна на Државната комисија за спречување на корупција.
Истовремено, Судскиот совет, согласно новите закони, треба да направи детална проверка на работата на судиите, особено во врска со одредени постапувања по предмети кои беа доведени до застареност со одлагање.
На почетокот на следната година, најдоцна на пролет, се очекува да започне и ЕУ мониторинг на судските случаи од висок профил, на околу 50 предмети годишно. Во овој процес ќе учествуваат стручни лица од странство и домашните експерти ангажирани од ЕУ и ОБСЕ како спроведувачи.
Следува и ревизија по случаен избор на 5% од предметите од висок профил, на случаи кои застариле, за да се увидат причините за нивно застарување.
Министерството за правда и Владата ќе подготват и нов модел за спречување на злоупотребите на системот на судии-поротници преку промена на начинот на избор, одредби за конфликт на интереси, зајакнување на одговорноста на поротниците и посебни процедури за гласање при донесување на одлуки.
За поефикасна и посилна борба против криминалот и корупцијата, следува и кадровско зајакнување на судовите и обвинителствата преку зголемување на бројот на стручни соработници.
СДСМ останува посветена на градење силна и ефикасна правна држава, доаѓа време на ред, правда и дисциплина на сите нивоа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со „мерцедес“ бегал од полиција, удрил во дрво и избегал - во возилото биле пронајдени 12 мигранти
-

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6
-

Македонија со рекордна делегација од 130 учесници на Медитеранските игри Таранто 2026
-

Претреси во Велес и велешко, пронајдени оружје и муниција, уапсени две лица
-

Портпаролката на грчко МНР за ЕЕС системот: Не постои простор за отстапување од основните принципи на европската регулатива
-

Уапсен Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на ФФМ
-

Николоски: За 5 години брза железница Скопје–Солун за 1 час и 25 минути и Скопје-Белград за 2 часа и 30 минути
-

Сончево и топло до 37 степени до средината на наредната недела
