СДСМ: Пропустите на автопатите се негрижа на ВМРО-ДПМНЕ за потребите на граѓаните
СДСМ денеска оцени дека со пропустите за новите автопатски делници Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип, ВМРО-ДПМНЕ ја докажале негрижата и неспособноста за потребите на граѓаните. Владејачката партија ветува дека ќе се најде решение за пропустите во проектирањето на автопатите и оти проектите ќе се реализираат во интерес на граѓаните.
Според СДСМ, огромните пропусти во изградбата на автопатите според првичните проценки ќе чинат повеќе од 100 милиони евра пари на граѓаните и, како што соопштуваат, чинат речиси колку и вкупните субвенции за една година за сите земјоделци во Македонија што претходната Влада ги исплаќала со големи задоцнувања.
- Владата предводена од СДСМ активно работи на поправање на штетите предизвикани од ВМРО-ДПМНЕ, но и спроведување реформи во интерес на граѓаните кои носат добро за сите. Ќе се најде решение за пропустите што се направени во проектирањето на автопатите и проектите ќе се реализираат во интерес на граѓаните. Истовремено, ќе има и целосна ревизија на сите започнати инфраструктурни проекти, а за секоја докажана злоупотреба на парите на граѓаните ќе следува одговорност, се вели во соопштението од СДСМ.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице