СДСМ: Раководството на СОНК настапува со политичка агенда и уцени на штета на образовниот процес
Денешниот настап на раководството на СОНК наликува на политички настап, со политичка агенда и уцени кои се на штета на децата, на учениците и на образовниот процес.
Одбивањето на раководството на СОНК за зголемување на платите во висина од 10 отсто, односно плати повисоки од 2.500 до 3.000 денари по вработен, во време на криза и законски рокови за усогласување на платите кои не се истечени, го потврдува тоа.
Раководството на СОНК нема формална основа за штрајк, затоа што согласно Законот за минимална плата усогласувањето на платите се врши во рок од 6 месеци, што значи штрајк пред овој рок е смислена уцена.
Зошто од страна на раководството на СОНК вопшто не беа споменати учениците, децата, кои се најважни? Зошто не беа споменати родителите кои раководството на СОНК ги става во неизвесност?
Правото на штрајк е загарантирано, но загарантирано е и правото на образование на учениците.
Правата на децата се над се’.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
-

Кризната состојба продолжува до октомври, блокадата на Баб ел-Мандеб - нов ризик за цените на нафтата
-

Експресниот пат Куманово-Страцин за целосно поврзување на Коридорот 8
-

Владата го извести Брисел: Реформската агенда е исполнета во рокот
-

Истекува мандатот на Абази, оглас за избор во август
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
-

За неполн месец спасени 10 давеници
