СДСМ: Расте извозот, економските мерки и политики на СДСМ даваат резултат!
Официјални податоци од надлежни институции ја потврдуваат успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во јануари 2021 година бележи пораст од 15,5 отсто во однос на истиот период од 2020 година.
Истовремено, во овој месец забележана е досега највисоката покриеност на увозот со извоз со стапка од 84,7 отсто.
Овие податоци се дополнителен поттик за македонската економија и враќање на претходните стапки на економски раст.
Преку четири пакети мерки од страна на Владата предводена од СДСМ им се помогна на стотици илјади работници, се зајакна куповната моќ на стотици илјади семејства им се помогна на илјадници домашни компании.
Во тек е реализација на петтиот пакет мерки во вредност од 160 милиони евра, кој треба да обезбеди рестарт на македонската економија.
Истовремено, продолжува поддршката за сите дејности, како и за извозните компании.
СДСМ како одговорна и посветена партија продолжува со креирање и реализација на одговорни економски политики што ја унапредуваат македонската економија и обезбедуваат услови за забрзан економски раст.
Ново на Сител
-

Од утре започнува топлотен бран, како да се заштитиме?
-

Колкава е опасноста од пајак црна вдовица во Македонија?
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Петмина со западно-нилска треска хоспитализирани на Инфективна – Еден во критична состојба
-

Во Гостивар има ризик од заразна жолтица, најавен е здравствен надзор
-

СДСМ бара кривична одговорност за труењето на граѓаните со загадена вода
-

Од почетокот на енергетската криза бензините поскапеа за 18.5, а дизелот за 27.5 денари
-

Мицкоски за истрагата за унгарскиот заем од Маѓар: Коментарите се дека кредитот бил многу поволен за нас
