СДСМ: Реформираниот систем на социјална заштита во 2019 година обезбедува детски додаток за над 60.000 дечиња и зголемена социјална помош до 300 отсто
Во 2019 година се заокружува целосната реформа на системот за социјална заштита, градиме фер систем кој извлекува од сиромаштија и нуди повеќе услуги за граѓаните.
Во новата 2019 година преку мерките гарантиран мининален доход и семеен пакет на права, примателите на социјална помош добиваат и до 300 отсто зголемена социјална парична помош.
Истовремено, се олеснува пристапот до надоместокот на 24 000 домаќинства кои во моментот добиваат социјална помош, а се отвора можност да бидат опфатени и дополнителни 11.000 домаќинства.
За разлика од 3.200 деца кои досега добиваа детски додаток, со новиот детски и образовен додаток опфатени ќе бидат над 60.000 деца. Ова е мерка што има за цел да извлекува од детска сиромаштија.
Обезбедуваме поголема помош и повеќе пари кај ранливите категории граѓани, градиме фер и праведно општество и обезбедуваме подобра живејачка на сите граѓани на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево