СДСМ: Рекордни 1.1 милијарда денари за Оперативниот план за вработување во 2019
Со Оперативниот план за вработување за 2019 година обезбедени се рекордни средства од 1.1 милијарда денари за отворање нови работни места, раст на платите, поддршка за вработување на лица со попреченост, обуки за побарувани занимања и занаети и за дигитални вештини, при што се опфатени и поединците и компаниите.
Оперативниот план отвора шанса за сите. Во него се содржани шеснаесет мерки, поделени во три групи.
Првата група мерки се насочени кон младите лица за формирање на сопствени компании односно самовработување, со втората група мерки овозможува преку процес на преквалификација и обука, компаниите да вработуваат невработени лица, додека последната група мерки е насочена кон стекнување на знаења од информатичка технологија.
Реализацијата на Оперативниот план за вработување за 2018 година беше со реализација од 95 отсто, при што преку мерките од планот се вработија 3.934 граѓани, што докажува дека Оперативниот план е исклучително ефикасна алатка за намалување на невработеноста.
Истовремено, откако минатата година даде добри резултати во трите општини во кои се спроведуваше, од оваа година мерката Гаранција за млади ќе се спроведува на целата територија на државата, а проекциите се дека со неа ќе бидат опфатени околу 9.500 млади лица, кои че добијат шанса за вработување, доквалификација или платена практична работа.
СДСМ останува посветена на заложбата за зголемена поддршка на граѓаните и компаниите како и на спроведување на мерките што обезбедуваат нови работни места, повисоки плати и намалување на стапката на невработеност за којашто проекциите за оваа година се дека ќе опадне на историски минимум од 20 отсто.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, повикани тројца сведоци од Општина Кочани
-

Краделе кабли во „Железара“ и оштетиле електричен кабел вреден 800.000 денари
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
-

Презентација на лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
-

Корејскиот амбасадор Донгбае во посета на Собранието
-

Макрон го повика иранскиот претседател да ги прекине нападите и да започне искрени преговори
-

Папата Лав изјави дека војната во Иран „станува се потешка“

