СДСМ: Само ДПМНЕ - Левица и партии од Бугарија се против Резолуцијата на Бундестагот

Само партии од Бугарија и ДПМНЕ-Левица се против Резолуцијата на Бундестагот.
Откако стана кристално јасно дека Мицкоски не лобирал за Резолуцијата на германскиот Бундестаг ДПМНЕ почна да плука по неа.
Што стои во усвоената Резолуција за којашто само ДПМНЕ-Левица и партии од Бугарија ја напаѓаат:
“Германскиот Бундестаг ги признава македонската култура, идентитет и јазик. Во Европската Унија, која се карактеризира со голема разновидност на јазици и култури, јазиците се составен дел од нашето заедничко културно наследство.
Јазичната разноликост се практикува во повеќејазичноста на програмите и во работата на институциите. Македонскиот јазик и култура дополнително ќе ја збогатат оваа разноликост. Европската Унија го смета зачувувањето и заштитата на ова богатство како една од нејзините најважни задачи“
Кој е заедничкиот интерес на ДПМНЕ со партии од Бугарија?
Центар за комуникации со јавноста- СДСМ
Ново на Сител
-

СП2026: Франција ја освои групата, Сенегал остана во игра за нокаут фазата
-

Усик се откажа од сите шампионски појаси, но не ја завршува кариерата
-

Трамп најави американски одговор по иранскиот напад врз трговски брод, американската војска потврди напади врз Иран
-

Зеленски: Украина е подготвена за преговори, но Русија мора да го направи првиот чекор кон мирот
-

Завршија општите претреси на предлог-законите од 106. седница, гласањето ќе биде дополнително закажано
-

Сончево и топло, до 38 степени
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
-

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места
