СДСМ се сомнева дека назначувањето на в.д. директорот на Зоолошката градина е согласно законите
![]()
Дури три недели по скандалот со закланите животни во Зоолошката градина во Скопје, градоначалничката Данела Арсовска назначи нов директор.
Но, според информациите објавени во дел од медиумите, постои отворен сомнеж дали новиот в.д. директор на Зоолошка, Драган Илиевски е назначен согласно законите.
Прво, затоа што за оваа позиција не бил распишан јавен оглас.
Второ, затоа што според написите во медиумите, Илиевски не доаѓал од редовите на вработените.
На овој начин се прекршува членот 50 од Законот за јавни установи и членот 34 од Законот за култура.
Ако се случило такво назначување, тоа е спротивно и на членот 30 од Статутот на Зоолошката градина каде што јасно се наведува дека вршител на должност директор се избира од редот на вработените.
Данела Арсовска и градската администрација мора да одговорат, дали Илиевски е назначен согласно законите и Статутот на Градината?
Истовремено, од она што е јавно приложено како биографија на Илиевски се гледа дека тој нема никаква поврзаност, ниту пак искуство со слична дејност, па оттаму, прашуваме по кои критериуми е избран токму тој за директор?
Јавноста мора да добие одговори на овие прашања имајќи предвид дека Зоолошката градина покрај рекреативна има и едукативна улога особено за нашите најмлади.
Никола Белимов, член на Градска организација на СДСМ
Ново на Сител
-

Македонското пиво годинава со двојно поголем извоз од увозот - најмногу се пие во Косово и Албанија
-

Македонските репрезентативци пред нов предизвик – Шкотска гостува во Скопје
-

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг
-

„Бела ноќ 2026“ во Скопје - концерти, изложби, перформанси, настапи на диџеи и програма за најмладите
-

Во рускиот источен регион Иркутск млада жена почина од куга
-

Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонското Море
-

31 година од атентатот врз Киро Глигоров - сè уште без одговор кој стоел зад нападот
-

Сончево со мала до умерена облачност и студено утро
