СДСМ: Со членство во ЕУ стануваме дел од економска суперсила, ДПМНЕ тоа сака да го блокира

Со членството во ЕУ нашата земја ќе стане дел од трговската суперсила, која сочинува 16 отсто од светската економија и тргување и создава извоз од 2,18 трилиони евра.
Европската Унија има единствен пазар од 500 милиони луѓе, што обезбедува континуиран раст на целиот сојуз, нешто што секоја земја членка поединечно нема никогаш да може да го постигне.
Според проценките БДП на ЕУ во целина е поголем за девет проценти токму како резултат на целосната интеграција на пазарот. Тоа преведено во реални пари за граѓаните значи приближно 850 евра дополнителен годишен приход по глава на жител.
Позитивниот ефект од ЕУ е јасен и докажан, кај сите држави што се приклучиле во унијата, кои обезбедиле и многу повисок стандард и побогат живот за граѓаните.
Во изминатите 30 години поддршката на ЕУ за нашата држава се проценува на над 3,3 милијарди евра преку грантови и макрофинансиска поддршка, што се гледа во зголемените инвестиции, во зголемените плати, намалената невработеност, зголемената вработеност. Со членството, пристапот до ЕУ фондовите повеќекратно се зголемува.
Влезот во ЕУ пак дополнително ќе ги зајакне позициите за домашните компании, ќе отвори нови трговски перспективи со што се обезбедуваат одржливи стапки на раст на БДП, што пак во крајна линија ќе значи повеќе пари кај граѓаните и подобар животен стандард
Позитивните трендови, од 2016 година наваму, со историски намален број на невработени за речиси 52%, странски директни иневстиции зголемени 2,5 пати, просечна пензија зголемена за 40%, историски највисока просечна плата која а во 2023 година, изнесува 36.527 денари, ќе продолжат, а единствениот начин да се направи тоа е продолжувањето на европрскиот пат.
Христијан Мицкоски и ДПМНЕ сакаат тоа да го блокираат.
Работат против волјата на 80 отсто од граѓаните, кои се за членство во унијата.
Блокадите на ДПМНЕ мораат да бидат поразени.
СДСМ заедно со граѓаните, заедно со проевропскиот блок ќе стори се за да се реализира стратешката цел – полноправно членство во ЕУ.
СДСМ
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-

Ангелов: Спречена катастрофа во виничко, запалена трева при сечење со брусилица | ВИДЕО
-

Приведен полицаецот кој наплаќал казни во кеш наместо преку ПОС-терминал и го оштетил Буџетот за 85.500 денари
-

Во заедничка акција на Шпанија и Еквадор запленети 21 тон кокаин
-

Багаи: Иран и Оман постигнаа договор за бродската рута низ Ормуска Теснина
-

Закон за „граѓанска смрт“ во Русија: Москва им замрзнува имот и конзуларни услуги на емигрантите осудени во отсуство
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 14 пожари на отворено, активен е пожарот кај Грешница
-

Утре сончево и многу топло со температура до 39 степени
-

Шекил О'Нил: Леброн ќе се обиде да дојде до 50.000 поени
