СДСМ: Со СДСМ платите растат многу побрзо
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која само ги манипулира граѓаните со празни ветувања, СДСМ со своите конкретни и ефикасни политики реализира значителен раст на платите, велат од владејачката СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ на ланските парламентарни избори во својата програма ветуваше раст на платите за 25% за еден мандат, а денес една година подоцна, ветува просечна плата од 45.000 денари, иако сите знаат дека во време на владеење на оваа партија платите беа речиси замрзнати со години.
Денес, просечната плата е речиси 5.000 денари повисока во однос на 2017 година.
Граѓаните знаат дека СДСМ работи посветено за зголемување на животниот стандард, за враќање на парите кај граѓаните, за раст на платите во сите сектори, и добро се сеќаваат дека ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемување на минималната плата, против помошта да завршува кај граѓаните за време на кризата.
Граѓаните не им веруваат на истите тие луѓе кои 11 години ја држеа државата во режим, владееја со криминал и корупција, а парите на граѓаните ги користеа за лично богатење“, додаваат од партијата.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе