Македонија
20. December 2023 - 12:32

СДСМ: Со ВМРО-ДПМНЕ Македонија никогаш нема да стане членка на ЕУ

Христијан Мицкоски потврди дека ДПМНЕ сака целосна блокада на европскиот пат на државата.

Со ДПМНЕ нема членство во ЕУ, ниту за 100 години, потврди лично Мицкоски, пред целата македонска јавност, во интервју за “360 степени“.

Антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица е закана за европската иднина, која мора да биде поразена.

Изборите ќе бидат своевиден референдум за иднината на земјата.

Изборот е јасен, напредок и членство во ЕУ со СДСМ, изолација и стагнација со ДПМНЕ.

Граѓаните немаат нови години за губење во изолација, неизвесност и стагнација.

 

Центар за комуникации на СДСМ