СДСМ: Со Законот за отпис на камати ќе им се помогне на 150.000 граѓани
Владата предводена од СДСМ континуирано ја потврдува грижата за граѓаните и брзо надминување на социо-економските последици со кои се соочија поради пандемијата со коронавирусот.
Како дел од петтиот пакет економски мерки, Владата го усвои предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на граѓаните во услови на КОВИД-19.
Со ова законско решение се предвидува отпишување на пресметаните камати на долговите на физичките лица кон државните органи и јавните институции и даночни долгови и репрограмирање на доспеаниот главен долг и трошоци, а граѓаните ќе имаат можност да го плаќаат на повеќе рати.
Ќе им се помогне на околу 150.000 наши сограѓани, пред се од ранливите категории, да го решат проблемот со задоцнето плаќање на долговите кон државните органи, јавните институции и даночните долгови, бидејќи високиот износ на каматата кој некогаш може да достигне и од 70 до 80% од вкупниот долг, ги спречува целосно да ги подмират обврските.
Реализацијата на овој закон нема негативни фискални последици, напротив позитивно ќе влијае врз економијата, бидејќи ќе ги стимулира граѓаните да ги подмират заостанатите долгови.
Во рок од 90 дена од почетокот на примената на овој закон, сите ите институции опфатени со овој закон ќе го утврдат износот на главниот долг, трошоците и каматата на секој граѓанин, а потоа ќе го известат во рок од 15 дена.
Во исто време ги повикуваме приватните компании на доброволна основа да го следат овој пример и да им излезат во пресрет на граѓаните и да демонстрираат општествена одговорност и солидарност, како што тоа го сторија извршителите на стартот на пандемијата со непреземање извршни дејствија и банките со одложување на плаќање на ратите за кредитите за 3 до 6 месеци.
Целта на оваа мерка, ова законско решение за рестартирање на долговите на граѓаните е да им се излезе во пресрет и да им се отворат можности за зголемување на нивната ликвидност, затоа ова беше една од економските мерки кои беа донесени за време на кризата.
Како одговорна партија продолжуваме со постојаната грижа за граѓаните, за нивната социјална сигурност и за унапредување на животниот стандард на сите.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Македонија до 21 загуби од Косово на првата контролна средба
-
42 годишна мајка ја подведувала малолетната ќерка на проституција во Свети Николе
-
МВР набави нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот
-
Мицкоски: Очекувам добар резултат од преговорите со банките за унгарскиот кредит наменет за компаниите
-
Мицкоски: Потенцијална инвестиција од една милијарда евра во когенеративна гасна постројка
-
Продолжување на судењето на Урош Блажиќ за масовното убиство во Дубона и Малo Орашје
-
Кривична за помошник министер во Центарот за обука - Оштетен буџетот на МВР за 189.777 денари
-
Љутков: Работни групи работат на случајот со Универзалната сала