Македонија
15. March 2022 - 8:33

СДСМ: Спречено поскапување на храната со мерките за ДДВ на 0%, замрзнатите маржи и забрани за извоз

Еден од врвните приоритети на СДСМ во време на глобалната криза е заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите.

Новиот пакет од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра спречи поскапување на храната.

Со намалување на маржите во комбинација со мерката за намалување на ДДВ на основните прехранбени производи на 0 отсто, цените на основните прехранбени производи остануваат стабилни.

Со овие мерки се опфатени лебот, брашното, маслото за јадење, млекото, шеќерот, месото, јајцата и оризот.

Превентивно е забранет и извозот на одредени производи како пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, за да не дојде до поголеми нарушувања на пазарот.

Со навремени мерки ги штитиме граѓаните од ценовен шок на основната храна.

СДСМ останува посветена на реализација на мерки и политики што го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат економска стабилност. 

 
Центар за комукации со јавноста-СДСМ