СДСМ: Тест и извршена услуга не е исто, тестовите за граѓаните се бесплатни

ВМРО-ДПМНЕ не престанува со обидите да политички да профитира, во време кога државата и светото со соочуваат со најсериозната здравствена криза во 21 век.
Во белиот дворец треба да знаат дека тест и услуга не е исто и цената не може да биде иста.
Како што информираа и од Министерството за здравство, цената на набавката на тестовите изнесувала 1.200 денари по тест, спроведена во регуларна јавна набавка по нормална пазарна цена.
Сумата од 4950 денари, за која ВМРО-ДПМНЕ неосновано тврди дека е профитерска, е цена по која Фондот за Здравство од Институтот, односно Центарот за јавно здравје ја купува услугата земање брис, во која цена се вградени и платите на луѓето и сите други трошоци на институтот.
За пресметка на оваа цена има јасна методологија по таканаречени Дијагностички сродни групи – ДСГ (DRG method) која се пресметува вредноста на услугата во фондот и таа е утврдена уште во 2013 година, односно од страна на ВМРО-ДПМНЕ партијата која тогаш раководеше со институциите.
Очајнички и крајно неодговорни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да собираат ситни дневнополитички поени кога државата, сите институции, здравствените работници, сите граѓани максимално се посветени на борба против ширењето на заразата со коронавирусот.
Очигледно е дека во ВМРО-ДПМНЕ партиските интереси се далеку поважни отколку јавното здравје и борбата со заканата од коронавирусот.
За среќа, граѓаните ги препознаваат нивните лаги и одамна не им веруваат на лажните вести од белиот дворец.
Ново на Сител
-

СУГС „Здравко Цветковски-Гуц“се прости од својот ученик кој загина во сообраќајката кај Илинден
-

Уапсен прилепчанец кај Љубаништа, поседувал марихуана и сина таблета
-

Мицкоски: Дејвид Гета не беше само голем музички настан, туку вечер во чест на Македонија
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар
-

На ГП од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

Самит за безбедност во Финска: ЕУ бара поголеми инвестиции и зајакната одбрана од руските закани
-

Украинската морнарица тврди дека ја водела првата битка меѓу поморски дронови во историјата
-

Избори во Шведска: Тесна трка меѓу левицата и десницата
