-->
-->
СДСМ: Ваучери од 3.000 денари за 35.000 ранливи граѓани
-->
Единствен приоритет во моментов на Владата на СДСМ е да го заштити стандардот на граѓаните и да одржиме економска стабилност во време на најголема економска и енергетска криза.
Финасиската поддршка на Владата, вклучна во рамки на 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра е многу значајна за граѓаните во време на најголема економска и енергетска криза.
Ги субвенционираме граѓаните за електрична енергија, преку низа мерки ги одржуваме цените на основните производи стабилни и ги намалуваме цените на енергенсите.
Во пакетот антикризни мерки има финансиска поддршка за ранливите граѓани. Предвидуваме субвенции односно ваучери за најранливите категории на граѓани за основни производи за исхрана.
Тоа се ваучери во вредност од 1.000 денари месечно, за период од три месеци, што значи 3.000 денари за околу 35.000 граѓани. Истите би се користеле за купување на основни производи.
За само 50 дена од мандатот, преку сите досегашни политики, мерки и одговорно владеење, Владата предводена од СДСМ покажа дека може и умее да се справи со предизвиците.
СДСМ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток