СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги злоупотребуваше институциите
СДСМ денеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги злоупотребувала институциите и ја партизирала државата со што од Македонија направила заробена држава.
- За само неколку месеци, од октомври 2016, до 31 мај оваа година, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ангажирала над 7.700 лица во државната администрација, а од 1 јуни до денес, во општините кои во најголем дел се под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, вработени се повеќе од 300 лица, истакна на прес-конференција Благој Бочварски, потпретседател на СДСМ.
Тој рече дека ова е само еден од низата докази за степенот на партизираност што зад себе го остави ВМРО-ДПМНЕ и доказ дека е потребно итно ослободување на институциите од партиските стеги. Затоа, посочи Бочварски, Владата предводена од СДСМ почнува процес на професионализација на државната администрација.
- Преку владиниот реформски План 3-6-9, Владата започна процес на темелни реформи во државната администрација, што ќе обезбедат професионални и ефикасни институции. По локалните избори во октомври, таквиот процес на професионализација на администрацијата ќе продолжи и на локално ниво, рече Бочварски.
Тој потенцира дека граѓаните и Република Македонија заслужуваат и ќе добијат државна администрација што ќе биде сервис на граѓаните и ќе ги следи нивните реални потреби.
- Никогаш повеќе нема да дозволиме некоја државна институција да функционира како нечиј партиски штаб како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ, додаде Бочварски.
Ново на Сител
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи