СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години го уништуваше судството
СДСМ во соопштение до медиумите наведува дека ВМРО-ДПМНЕ 11 години го погазуваше правниот поредок и дека реформите носат независно и професионално судство.
- ВМРО-ДПМНЕ 11 години го уништуваше судството и преку партизација на судските органи го погази правниот поредок. ВМРО-ДПМНЕ преку своите инсталации во sваровски судството цели 11 години нарачуваше и монтираше случаи и пресуди и на тој начин се пресметуваше со неистомислениците, се вели во соопштението.
Денес, како што стои во соопштението, единствените кои се исплашени од профункционирањето на правната држава се Никола Груевски и неговите соработници кои преку децениското криминално владеење им нанесоа огромни штети на граѓаните и државата.
- Владата предводена од СДСМ, во интерес на граѓаните, започнува реформски процес кој согласно европските пракси и препораките од Извештајот на Прибе, ќе донесе професионално, независно и неселективно судство, стои во соопштението.
Од СДСМ порачуваат дека наместо досегашното партизирано сваровски судство, Македонија ќе добие независно и професионално судство и дека Македонија мора да биде и ќе биде правна држава во која законите ќе важат за сите подеднакво без разлика на нивната етничка, верска, политичка или каква било припадност.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден