СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати мерките

Податоците кои ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека цените на мало во месец октомври, кога се спроведуваше владината мерка, се „намалиле“ за само 0.1%.
Се потврди тоа што СДСМ го говореше и што граѓаните го чувствуваат секој ден - нема намалување на цените во маркетите – се вели во соопштението на опозициската партија
Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ политичкиот инает треба да го замени со прифаќање на предлог Законот за укинување на ДДВ на храната на СДСМ, со кој граѓаните реално ќе заштедат до 2.000 денари месечно.
Пакетот од три мерки и закони на СДСМ ќе значат поголеми плати, помали цени на храна и повеќе пари во џебот на секој граѓанин.
Ова е во интерес на сите граѓани и СДСМ уште еднаш повикува да проработи разумот кај Владата за подобар животен стандард и заштита на граѓаните кога животот им станува се потежок – велат од СДСМ.
Ново на Сител
-

Шолц: Путин однапред ја испланира војната против Украина
-

Трамп му се закани на премиерот на Гренланд, Нилсен
-

Најстудено во скопско Петровец, најмногу снег на Попова Шапка
-

Лидерска средба за реформските закони и за укинување на техничката влада, не доаѓа само Филипче
-

Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал
-

Најмалку 22 луѓе загинаа откако кран падна врз воз на Тајланд
-

Презентација на Националната стратегија за мали и средни претпријатија 2025-2030
-

Зеленски: Тешка ситуацијата во Украина
