СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да покаже одговорност, Договорот за добрососедство заемен успех на сите влади
СДСМ во реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за Договорот за добрососедство наведува дека ВМРО-ДПМНЕ треба да се надмине себеси и да престане со својата неодговорна политка и наместо тоа, да покаже одговорност и да дејствува во решавањето на отворените прашања, во унапредувањето на добрососедските односи и отворањето на евро-атлантските перспективи.
- Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија е основа за пријателство и заемен успех на двете држави, а неговото потпишување е заеднички успех на сите досегашни влади, на сите партии и на сите граѓани. Затоа, особено важно е ВМРО-ДПМНЕ да покаже одговорност и да учествува во заокружувањето на процесот и да даде поддршка на Договорот, стои во реакцијата.
Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ треба да сфати дека политиката значи одговорност, а добрососедските односи се и треба да бидат врвен приоритет за Република Македонија и нејзините граѓани. - Договорот помеѓу Република Македонија и Република Бугарија е во согласност со националните интереси на Република Македонија и одговара на интересите на граѓаните и на Македонија и на Бугарија. Со Договорот се реафирмира позицијата дека се работи за две посебни држави, два посебни народа и два посебни јазика, се затвора прашање што непотребно одвлекува внимание и енергија и се забрзува процесот на интеграција во ЕУ и НАТО.
Посочуваат во реакцијата дека со потпишување на Договорот, Македонија станува држава пример за соработка во регионот и ја зајакнува меѓународната позиција што ВМРО-ДПМНЕ ја поткопуваше цели 11 години само за да ги оствари сопствените криминални интереси.
Ново на Сител
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени