СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да брани криминалци
ВМРО-ДПМНЕ да престане да брани криминалци. Јавноста знае дека зад срамната аболиција на Ѓорге Иванов стоеја и денеска се уште стојат структури на ВМРО-ДПМНЕ.
Ниту тогаш ниту пак сега има правна можност да се даде такво помилување и обидот на Иванов за аболиција е незаконски и ништовен.
Сите слободоумни граѓани, целата јавност, освен ВМРО-ДПМНЕ се спротивставија на незаконската аболиција на Иванов.
Наместо ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да предлагаат несериозни барања, да го поддржат Барањето за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување поднесено од СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да престанат да манипулираат. Нивниот предлог за испитување на имот на функционери е лицемерен и задоцнет. Таква проверка веќе се случува.
Предлогот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ некој кој 11 години бил вмешан во криминал да не одговара, а да биде „казнет“ со тоа што нема да се занимава со политика е срамно и неодговорно.
Затоа, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да престанат да ја бранат незаконската аболиција на Ѓорге Иванов и да дадат поддршка на автентичното толкување.
Ново на Сител
-
Вавринка со историско достигнување
-
В недела локални избори во Босна и Херцеговина
-
ПСЖ ќе се обиде да го привлече Салах со тригодишен договор
-
Мицкоски, Агелер и Мисајловски на методско-показна вежба на „Криволак“
-
ИЈЗ: Расте бројот на новозаболени и на смртни случаи од рак на дојка, лани починале 346 жени
-
Макрон: ЕУ може да умре
-
ИДФ синоќа изврши 11 напади врз бејрутското предградие Дахија
-
Облачно со повремени врнежи од дожд