СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ прво да каже дали ќе учествува на референдумот
Наместо да шири лажни вести и создава конструкции, ВМРО-ДПМНЕ прво треба да каже дали ќе учествува на референдумот во недела.
Јасна е намерата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која и самата не знае дали ќе учествува на референдумот, на денот на гласањето, да прати партиски војници на гласачките места кои би ги забележувале и евидентирале луѓето кои гласаат, како што тоа впрочем и го правеше во минатото.
Македонија, граѓаните, нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ насилно да ја блокира македонската иднина преку бојкотот што активно го организира.
Раководството ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски останува заробено во темното минато и работи против иднината на Македонија и нејзините граѓани.
Надлежните институциите се на висина на задачата и гарантираат организирање на фер, слободен и демократски референдум. Референдумот ќе биде набљудуван од ОБСЕ, од домашни и странски набљудувачи, како и од невладини организации и граѓански здруженија.
Правото на глас е загарантирано и неприкосновено и секој вид на притисок, уцена и закана врз избирачкото право ќе биде соодветно санкциониран.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски можат да измислуваат и поголеми потешки лаги, но за среќа тие не се оние кои одлучуваат.
Одлучуваат граѓаните чие мнозинство е јасно определено за иднина во ЕУ и НАТО. Одлучуваат граѓаните кои ќе излезат и ќе гласаат на 30 септември.
Одлуката ја носи огромното мнозинство кое ќе каже ЗА европска Македонија.
Ново на Сител
-
ЕУ воведува царини за САД
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Најмалку 113 загинати во несреќата во ноќен клуб во Доминиканската Република
-
Уставниот суд го одби барањето на Апасиев против поранешниот претседател на Собранието
-
Николоски: Заеднички и одговорно ќе го вратиме сјајот и духот на македонските железници
-
Полицајци заедно со затвореник барале дрога во Штип, лажел дека бара часовник кој му го земал кучката Цеца | ВИДЕО
-
Кривична против три лица од Чешка, вршеле ископ на културни добра во мариовско
-
Зошто насмеаните стјуардеси и стјуарди го поздравуваат секој патник на влезот?