Македонија
12. March 2021 - 9:02

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со измислени конструкции намерно го поткопува процесот за набавка на вакцини

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето деструктивно и неодговорно делување и преку лаги и измислени конструкции се обидува да го девастира здравствениот систем и да внесува страв и вознемиреност кај граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски без докази со лажни обвинувања за наводни провизии и нерегуларности, намерно го поткопува процесот за набавка на вакцини, со што предизвикува директна штета за здравјето на граѓаните.

Во набавката на кинеските вакцини, нема ништо незаконски. Владата ги користи сите механизми за набавка на вакцини од што е можно повеќе производители.

Граѓаните знаат дека СДСМ и институциите што ги предводи вложуваат максимални напори за заштита на јавното здравје, а ВМРО-ДПМНЕ прави опструкции, шири дезинформации и  лажна загриженост за здравјето на граѓаните.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ шест пати по ред е казнета од граѓаните на избори и уште долго ќе остане во опозиција.