-->
-->
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе бидат опозиција поради деструктивноста и одбраната на насилници и криминалот
-->
Аудио снимката со скандалозна содржина, каде се слушаат два гласа за кои се тврди дека се дел од осудените за 27 април, од кои еден од нив упатува морбидни закани за ликвидација на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, како и на луѓето кои го поддржуваат, предизвика згрозување на јавноста.
Објавувањето на снимката доаѓа само неколку дена по одржувањето на протестите поддржани од ВМРО-ДПМНЕ, каде се бараше ослободување на осудените за 27 април.
Христијан Мицкоски осудените за Крвавиот четврток ги нарече уставобранители на протестот со истата подбуцнувачка реторика која поттикнува омраза и поделби како оној на 27 април во 2017 година.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски цврсто стојат зад вакви насилници и бараат слобода за овие луѓе, осудени насилници кои се закануваат дека ќе го повторат насилството, кои се закануваат со убиства.
Мицкоски ги нарекува уставобранители лицата кои посегнаа по животите на пратеници, новинари, луѓе од собраниските служби, кои претепаа пратеник кој заврши и во кома.
Насилници никогаш не биле, ниту ќе бидат уставобранители.
ВМРО-ДПМНЕ за сите овие години раководена од Мицкоски се докажа како партија која стои на страната на криминалот, брани насилници, пласира лажни вести и опструира значајни процеси.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нудат токму ваква алтернатива на граѓаните.
Јасна е разликата меѓу СДСМ која посветено работи на демократизација на општеството, на интеграција и економски раст и развој и ВМРО-ДПМНЕ која цврсто стои на браникот на криминалот и работи спротивно на интересите на граѓаните и државата.
СДСМ исполнува стратешки цели како членството на НАТО и забрзана интеграција во ЕУ, а ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја врати државата во меѓународна изолација и внатрешни поделби.
Граѓаните ја препознаваат разликата и затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски шест пати се казнувани од народот и ќе бидат казнувани и понатаму, затоа што деструктивноста е единственото нешто што го нудат на народот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со романскиот претседател Дан: Добрите политички односи да бидат проследени со поширока економска соработка
-

Бујар Османи од Брисел: Европскиот пат е блокиран, Охридскиот договор се урива
-

АХВ од Тетово почнува со работилници за управување со популацијата на кучиња
-

Во април расчистени 2.750 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје
-

Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-

Денес сончево и топло време
-

Собраниската Комисија за култура и туризам ќе одбележи 80 години од објавувањето на првата граматика на македонски јазик од Круме Кепески
-

Најмалку 21 загинат по експлозија во фабрика за огномет во Кина
