СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ вршеше финансиска тортура

ВМРО-ДПМНЕ вршеше финансиска тортура, реформите во економијата обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните
ВМРО-ДПМНЕ 11 години вршеше финансиска тортура врз бизнисот и ги задолжуваше граѓаните на Република Македонија, па имајќи ја предвид оваа фактичка состојба во која ја доведоа економијата, изгледа крајно несериозно и нерелевантно, што токму опозицијата зборува за задолжување.
Нерационалното трошење е конкретна одлика на расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, партија која успеа тројно да ја задолжи државата за време на нивното криминално владеење и пустошење. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, новата Влада предводена од СДСМ успеа за само 10 месеци да креира нова клима на полето на економијата, притоа крајно транспарентно известувајќи ги граѓаните за сите релевантни активности кои ги презема новата Влада.
Министерството за финансии излезе со јасно и концизно образложение за новата 30 годишна обврзница, која претставува соодветен успех, бидејќи е обврзница која сигнализира доверба поради зголемената рочност. Македонија покрај Словенија е единствената земја во регионот која издала 30 годишна обврзница.
Делата зборуваат за реформите на новата Влада. Реформи кои ја враќаат довербата на граѓаните во институциите, бидејќи граѓаните за прв пат по цели 11 години имаат увид во работењето на Владата. Реформи, коишто носат повеќе пари кај граѓаните.
За разлика од расипничкото владеење на ВМРО, новата Влада предводена од СДСМ конечно ја враќа економијата на вистинска патека. Безусловната препорака која ја доби Македонија е плод и на реформите во економијата, кои во голема мера укажуваат на подобрување на економската состојба во Македонија.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
