СДСМ: Заев имаше средба со конзул од италијанската амбасада

СДСМ во реакција на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со одложувањето на рочиштето за случајот „Поткуп“ и изјавите на лидерот на партијата, наведува дека судот бил известен за средба на Зоран Заев со претставник на Италијанската амбасада.
Во прилог на соопштението е испратено официјалното известување до Основниот суд Скопје 1 во коешто судот се информира за средба со претставник на Италијанската амбасада односно конзулот на амбасадата.
СДСМ во соопштението им порачува, како што стои, на сопартијците на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и на медиумите кои ги пренесуваат неговите манипулации, да не подлегнуваат на неговите лаги кој, според партијата, прави немоќни, очајни обиди да го оттргне вниманието од катастрофалниот пораз на изборите, по којшто нема повеќе место за него во политиката.
Ново на Сител
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
-

Преглед на вестите од светот
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
