СДСМ: Залудни се лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ, долгот се намалува, државата повеќе се раздолжува
Не можејќи да се помири со фактот дека новата Влада предводена од СДСМ успешно управува со финансиите и наследениот долг, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести.
Лажна е бројката од 410 милиони евра долг бидејќи ВМРО-ДПМНЕ манипулативно го собира и задолжувањето и раздолжувањето. Побарувањата од аукциите на државни хартии од вредност за месецов се за 300 милиони денари помали од тоа што треба да се врати до крајот на месец октомври.
Новата Влада за само сто дена ги рационализираше трошоците и одговорно и транспарентно управува со јавниот долг, што ВМРО-ДПМНЕ го направи заради криминални интереси. Задолжувањето се одвива со помала зачестеност и по поповолни каматни стапки, што не беше случај претходно. Со таквите успешни политики, за првпат по 2008 година јавниот долг е намален.
Наместо во очај да презентираат лажни бројки, Лилјана Кузмановска и ВМРО-ДПМНЕ можеле многу лесно да ја проверат вистинската состојба на јавниот долг која редовно се ажурира на веб страниците на Министерството за финансии и Народната банка на Македонија.
Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години ги задолжуваше и осиромашуваше граѓаните, денес да ги оспорува економските политики на Владата предводена од СДСМ која ги скрати трошоците, го намали јавниот долг и започна со враќање на повеќе пари кај граѓаните.
Парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што носат повисоки плати, нови работни места и севкупен економски раст.
Ново на Сител
-
Израел ги обнови нападите врз Бејрут, погодени станбени области
-
Опожарено возило во Штип
-
Снимка од дворот на Раде Штекли, ова е моментот кога експлодирала бомбата | ВИДЕО
-
УЕФА отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Романија и Косово
-
Владата и банкарите на средба ќе ги прецизираат условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи парите од унгарскиот заем
-
Посебен режим на сообраќај поради ноќната атлетска трка
-
Експлозии во клучните украински градови во масовен руски ракетен напад
-
Џинпинг вети дека ќе работи со владата на Трамп во неговиот последен разговор со Бајден