СДСМ: Заврши изградбата на браната Конско

СДСМ ја започна и ја заврши изградбата на браната Конско, значаен капитален проект, важен за македонското земјоделство, за развој на севкупната економија, што ќе придонесе за зголемување не само на производството, туку и на извозот на земјоделски производи и храна.
Оваа брана е најголемата инвестиција во водостопанската инфраструктура за земјоделство, значајна за наводнување на земјоделските површини во гевгелиско-валандовскиот регион како и за зголемено, квалитетно и конкурентно земјоделско производство.
Со браната Конско, се става крај на еден децениски предизвик, со што се отвора можноста за забрзан регионален развој на југоисточниот дел од државата.
Вредноста на инвестицијата за браната Конско е 40 милиони евра, сума која што е целосно обезбедена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Со оваа брана се овозможува наводнување на нови 4.000 хектари нето земјоделски површини.
Нашата држава има идеални климатски почвени услови за развој на земјоделството, вредни земјоделци и тие заслужуваат во државата да се инвестира токму во вакви проекти.
Тоа во комбинација со развојните мерки е предуслов за развој на земјоделството, за претворање на оваа стопанска гранка во профитабилна и развојна компонента на економијата.
Цел на СДСМ е развиено земјоделство по европски стандарди, со европски субвенции кое им носи профит и е сигурен извор на егзистенција земјоделците.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Тема на денот со Соња Трифуновска, заменик народен правобранител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Обвинителите избираат нов шеф за организиран криминал и корупција
-

Граѓаните ќе можат да вадат документи преку телефон - промовирана е новата апликација М.услуги
-

Студентите бараат 200 денари за оброк
-

Ќе се пресметуваат ли платите по час? Договор би требало да има до март
-

Подобра инфраструктура и решение за превозниците бараат германските компании кои работат кај нас
