Се активира вулканот Етна во Италија, исфрла лава стотици метри
Вулканот Етна во Италија, најактивниот вулкан во Европа, се активира и почна да исфрла вжарена лава која тече во должина од неколку стотици метри, потврдија вулканолозите во Италија.
Директорот на Националниот институт за геофизика и вулканологија на Катанија (ИНГВ), Еугенио Привитера рече дека станува збор за нова фаза на експлозија во вулканот.
– Ова наскоро може да заврши, а може и да потрае неколку месеци. Во моментов нема опасност за луѓето кои живеат во оваа област, но од безбедносни причини, потребно е да се контролира приливот на туристи, смета Привитера.
Сегашната состојба на вулканот не ги отежнува летовите кон аеродромот во Катанија.
Етна, која се издига на речиси 3.300 метри надморска височина, се наоѓа на источниот брег на Сицилија, помеѓу градовите Месина и Катанија.
Ерупциите помеѓу 1991 и 1993 година го загрозија градот Заферан, кој се наоѓа во близина.
Ново на Сител
-
Во Лазарополе утрово најстудено, најмногу дожд во Дебар
-
114 сообраќајни санкции во Скопје
-
Од утре изменет режим на сообраќај на автопат А1, делница Петровец - Катланово
-
Управниот суд ја одби како неоснована тужбата на Европскиот фронт за решението на ДИК за прегласувањето во Желино
-
Македонија ги дозна противниците за Мундијалот, ќе играме во Вараждин
-
Европол: Уапсени четири луѓе во голема меѓународна операција против малициозен софтвер
-
Косовската полиција заплени пари од трезорот на НБС во северниот дел на Косовска Митровица
-
Поротата во судењето на Трамп го заврши првиот ден од расправата без да донесе пресуда