Се асфалтира новата клучка на автопатот кај Милци
Почна асфалтирањето на коловозните ленти од новата клучка на автопатната делница кај Милци во близина на граничниот премин „Богородица“.
Изградбата на приклучните улици ја финансира општина Гевгелија со околу 60 милиони денари, а над автопатната делница кај Милци веќе е изграден натпатникот за чија изградба беа инвестирани 24 милиони денари обезбедени од Агенцијата за државни патишта.
- Со овој зафат ќе обезбедиме директно сообраќајно поврзување на објектите од двете страни на автопатната делница. Покрај растоварувањето на сообраќајот, кој особено на оваа делница е многу интензивен, клучката треба да го олесни пристапот до казината „Принцес“ и „Фламинго“, но и до пограничните населени места Богородица и Стојаково, информира општината.
Оттаму истакнуваат дека сообраќајната инфраструктура на јужниот тек од автопатот е особено значајна бидејќи на овој дел се планира и изградба на нов хотелски комплекс и голем трговски центар кај Милци.
Ново на Сител
-
Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари
-
Уапсен Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата
-
Министерот Трипуновски потпиша договор со Управата за хидрометеоролошки работи за користење на финансиска поддршка од 1.000.000 денари
-
Околу двесте лица вакцинирани од утрото во поликлиника „Бит Пазар“
-
Трамп за Волстрит Журнал: На Путин му реков дека ќе го гаѓам центарот на Москва доколку ја нападне Украина
-
Неизвесен за натпреварот со Порто - Борозан нападнат од кучиња скитници
-
Уапсени две лица барани од Интерпол-Австрија и Интерпол–Словачка
-
Намалување на цените на горивата