-->
-->
Се асфалтира патот во село Жидилово, Крива Паланка
-->

По алфалтирањето на новиот пат до манастирот „СВ. Јоаким Осоговски“, започна и асфалтирањето на патот во село Жидилово. На делницата од еден километар, ќе бидат поставени два слоја асфалт, еден со дебелина од седум сантиметри и вториот со дебелина од пет сантиметри. Во тек е асфалтирањето на првиот слој на асфалтот и половина од трасата е веќе асфалтирана.
- Се асфалтира селска улица во село Жидилово, со два слоја на асфалт. Едниот слој е со дебелина од седум сантиметри, другиот слој е со дебелина од пет сантиметри и ширина од 3,5 метри и банкина 0.5 метри. Ова беше барање на жителите кое веќе е исполнето, а го опфаќа најнаселениот дел во село Жидилово, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Патот се гради со финасиски средства од Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски на 62. Минхенска безбедносна конференција
-

Без струја и вода делови од Скопје
-

Променливо облачно со локални врнежи од дожд
-

Кривична за четири лица од Кочани за злоупотреба на службена положба во јавна набавка од 1,4 милиони денари
-

Град Скопје го уредува кејот на Вардар и најавува изградба на нова градска плажа
-

Тивок марш и парастос во Македонска Каменица „Кети Милковска и 63 ангели“
-

Нападната екипа на ТППЕ во Куманово, полицијата приведе две лица
-

Кривична за поранешен директор и три лица во јавно претпријатие во Кочани за злоупотреба на службената положба
