-->
-->
Се асфалтираат шест крака на улицата „Црногорска 2“
-->

Општина Ѓорче Петров информира дека се асфалтираат шест крака на улицата „Црногорска 2“, поточно 2, 4, 6, 8, 10 и 12 во непосредна близина на централните гробишта во Ѓорче.
Проектот заеднички го реализираат Град Скопје и општината Ѓорче Петров, а градежните работи ги изведуваат екипи од ЈП „Улици и патишта“. Вкупната должина за асфалтирање е 1.300 метри, а краците се со широчина од 3,5 до 4 метри, а од 4,5 до 5 метри широчина е главната улица на која се надоврзуваат краците.
- Со деталната реконструкција ќе бидат избегнати сите проблеми кои ги носеа временските прилики, соопшти општина Ѓорче Петров.
Работите ќе траат до крајот на јуни 2017 година, а за овој проект издвоени се три милиони денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
