-->
-->
Се асфалтираат улици во Спортско рекреативниот центар Пониква
-->

Во Спортско рекреативниот центар Пониква на осоговските планини започна асфалтирањето на две улици, планирани во општинската програма на Кочани за комунално уредување на центарот.
Градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски информира дека се работи за асфалтирање на две улици во викенд населбата на Пониква во должина од 2,4 километри за што општината има обезбедено финансиски средства од Агенцијата за рурален развој во износ од 15 милиони денари.
- Средствата се од програмата за рурален развој и изградба на инфраструктура со туристички локалитети, изјави градоначалникот Димитровски.
Едната улица во должина од 1200 метри, истакна Димитровски, ќе биде готова со асфалтирањето за два дена, додека другата улица според динамиката на работата се очекува да биде готова за петнесетина дена.
Според Димитровски, интересот за Пониква и за градба во овој рекреативен центар е мошне голем од страна на инвеститори од повеќе градови на Македонија. Тој додаде дека Општина Кочани наскоро ќе објави нов оглас за продажба на плацови за изградба на викенд куќи и други сместувачки и угостителски објекти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со 64 гласа Собранието го усвои ребалансот на буџетот
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ
-

Гостиварци може да ја користат водата како техничка, но не и за пиење
-

Непочитувањето на мерките може да ја продолжи епидемијата во Гостивар
-

Поскапуваат бензините, дизелот и парното греење
-

Дополнетиот ребаланс на буџетот на пленарна седница
-

Шпанскиот државен секретар за ЕУ во посета на Македонија – интеграциите и односите со Бугарија во фокус на разговорите
-

Без дозвола и без регистрација – малолетници дивеат во сообраќајот
