-->
-->
Се асфлтира мостот на река Брегалница кај Зрновци
-->
Мостот на реката Брегалница кај Зрновци кој беше зафатен од поплавите во февруари 2015 година од утринава се асфалтира. Работите на терен ги изведува „Фресине-Гранит“ од Скопје.
Мостот е со должина од 96,5 метри и широчина од 7 метри. Вкупната инвестиција изнесува 800 илјади долари средства обезбедени од Европската унија преку УНДП.
Носители на активностите за изградбата на мостот што ќе ја поврзува општина Зрновци со Кочани се Министерството за транспорт и врски, Министерството за земјоделство и општина Зрновци.
Инаку сообраќајот помеѓу општините Зрновци и Кочани се одвива по алтернативно решение на неколку метри под мостот. Целосната изградба на мостот се очекува да заврши за десетина дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Економските политики на Мицкоски се промашени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ крајно нетранспарентно ги трошеле народните пари
-
Преглед на вестите од светот
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Трамп избран за претседател на САД
-
Рамноправен регионален развој за спречување на иселувањето
-
Фетаи: Администрацијата е неефикасна и политизирана, потребни се реформи